Силјановска предлaгa: Акронимот ФФМ да стане МФФ, оти Преспанскиот не ја забранува придавката „македонска“

Акронимот „ФФМ“, ако се преименува Фудбалската федерација на Македонија, да стане „МФФ“, предлага професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Тоа е остварливо затоа што, вели Силјановска, Преспанскиот договор не ја забранува придавката „македонска“. Ако има „МКД“, може да има и „МФФ“, односно „Македонска фудбалска федерација“, како и „македонска фудбалска репрезентација“, додава таа, на Фејсбук.

„Поврзувањето на кратенката со државата, заради некоја исплата од Агенцијата е пофалба на глупоста и лудоста, оти спортот не е државен, туку народен и граѓански феномен, Ама, ова не важи во земја будалија, како „нашава“. Наместо спортот и фудбалот да им припаѓаат на фудбалерите и навивачите, во него се вгнездиле – политичарите! Што бара министерот за надворешни работи кај првиот човек на фудбалот? Можеби го третира како амбасадор на фудбалот!?! Ама, чиј?“, пишува Силјановска.