Шилегов и СДСМ ги манипулираат младите и не водат грижа за подобрување на нивниот живот

Премиот Зоран Заев и неговата партија СДСМ ја киднапираа државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што порачуваат дека кандидатот на оваа партија за градоначалник на Скопје пратеникот Петре Шилегов продолжува како и во кампањата за парлементарните избори повторни ги манипулира младите луѓе.

„Колку дебатата на Заев му е значајна покажува тоа што без дебата, и без да ги слушне граѓаните го укина зголемувањето на пензиите, ќе ги зголеми даноците, ќе се поскапи струјата преку либерализација на пазарот на струјата, енормно се задолжи и ги стопи девизните резерви. Ги укина дисперзираните студии, го скратија оброкот на студентите низ студентските домови, потпишаа штетен и антидржавен договор со Бугарија, ја злоупотребуваат полицијата за политички хајки врз неистомисленици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека младите веќе се увериле дека кажаното од СДСМ и Шилегов е една „голема лага“.

„СДС пред изборите минатата година ветуваше дека четири месеци по завршувањето на своето образование младите од државата ќе добијат понуда за вработување, дообука или практиканство. СДС ги излажа младите. Четири месеци откако СДС е на власт, а вработување за младите кои го завршиле своето образование нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ни практиканство, нема ни дообука. СДС се што им вети на младите излажа. СДС излажа во декември, СДС лаже сега. Младите знаат дека СДС се што ветува лаже. СДС лаже кога зборува за инвестиции во образованието. Граѓаните видоа дека СДС скрати 1.5 милијарди евра од буџетот за образование со самото доаѓање на власт“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

„СДС воопшто не води грижа за младите и подобрување на нивниот живот. СДС единствено води грижа како ќе излаже за да добие глас повеќе. Младите го гледаат тоа. Младите знаат дека СДС манипулира. Младите ќе ги казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.