Додека жителите на Скопје се гушат во смог и токсични материи во воздухот, заменик-министерот за животна средина спие на седница на која се дискутира токму за неговиот ресор, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, игра игрици на мобилниот телефон.
Грижата за здравјето на граѓаните се чини е најдосадната тема за функционерите на СДСМ, па додека во Собранието се дискутираше за превземање на мерки за намалување на загаденоста во Скопје и Македонија, градоначалникот на главниот град „тепаше време“ со играње игрици на мобилниот телефон, а заменик-министерот за животна средина – заспа!Во последните неколку месеци Скопје е позагадено од било кога претходно, а ја завзема и шампионската позиција за најзагаден град во Европа. Блиску во трката беше и Тетово.