Силен земјотрес и во Русија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Тихиот Океан во близина на Курилските острови.

Информациите за земјотресот ги соопштија од огранокот на Камчатка на Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Земјотресот се случил на длабочина од 42 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 189 километри од Северо-Курилск, пренесува РИА Новости.