Катастрофален земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Епицентарот бил на 120 километри од Хераклион, а земјотресот бил регистриран на длабочина од пет километри.
M6.3 #earthquake (#σεισμός) strikes 124 km SE of #Irákleion (#Greece) 13 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/DK4eeiy4Pa
— EMSC (@LastQuake) October 12, 2021
Засега нема информации за повредени, а грчките медиуми јавуваат дека жителите излегле на улица. Земјотресот е регистриран во 12:24 часот по локално време.
Според градоначалникот на Ситија, Јоргос Зевакис, земјотресот предизвикал штета. Дури и зградата на градското собрание беше оштетена.