Силен земјотрес од 6 степени го погоди Чиле

Силен земјотрес од 6 степени го стресе Чиле. Земјотресот бил регистриран во 15:20 часот по средноевропско време.

Ова е втор силен земјотрес за една седмица во оваа земја. За разлика од првиот, овој денешниот бил на копно. Меѓутоа веројатно ќе нема сериозни последици, затоа што, за среќа, епицентарот е на длабочина од 111 километри.

Интересно е тоа што земјотресот се случил во мигот кога имало затемнување на сонцето.