Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала регистриран е во северниот дел на Чиле, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.
Потресот е регистриран на длабочина од 11 километри, 101 километар северозападно од пристаништето Икике, се наведува во соопштението.
Центарот за прдупредување од цунами, соопшти дека засега нема непосредна опасност од појава на цунами, јавува Ројтерс.
Силен земјотрес беше регистриран и пред три дена во истата област.