Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Аљаска, пренесе МИА.
Епицентарот на земјотресот бил во југозападниот дел на Аљаска на 110 километри од Угашик, на длабочина од 33 километри.
Нема опасност од појава на цунами на ова подрачје.
Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Со над сто вулкани и вулкански полиња, Аљаска е сеизмички активно подрачје, на кое земјотресите се честа појава.
Најсилен земјотрес, со интензитет од 6,5 степени ја погоди оваа област на 29 октомври 1968 година во околината на реката Јукон.