Силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтерова скала ги потресе источните делови на Индонезија, за сега нема опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 318 километри североисточно од Дилија, главниот град на источен Тимор, на длабочина од 18 метри во морето, соопшти американскиот геолошки институт.
Според првичните проценки, не е причинета голема материјална штета.
Минатиот месец, земјотрес со иста јачина го погоди индонезискиот остров Јава. Од потресот беа срушени десетина згради.