![Japan earthquake](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/Japan-earthquake.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Силен потрес го погоди југот на Јапонија во вторникот, но засега нема вести за евентуални жртви и штети, ниту известување дека е прогласена треваога поради цунами.
Земјотерес со магнитуда од 6,0 според Рихтер на длабочина од околу 10 километри се случил во водите во близина на малиот острв Мијако во јужниот архипелаг на Окинава, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS).
Јапонската метеоролшка агенција предупреди на помали промени во нивото на моретото, но не и на опасност од цунами.
Мијако, кој има 55 илјади жители, сместен е на околу 1.840 километри југозападно од јапонската престолнина Токио, и околу 380 километри источно од Тајпеј.