Силите на Хафтар објавија дека се приближуваат кон центарот на Триполи

Силите на либискиот морашал и воен лидер Калифа Хафтар во петокот објавијка дека се приближуваат кон центарот на либискиот главен град Триполи, кој е под контрола на владата којашто е меѓународно призната.

Претходно месецов, Хафтар најави решавачка битка за Триполи. Во април нареди офанзива врз престолнината за преземање на градот од Владата на национално единство, но таа кампања тогаш заврши во пат-позиција, иако неговите сили се прибија до предградијата на Триполи.

По соборувањето и ликвидацијата на поранешниот либиски автократски водач Моамер ел-Гадафи во 2011 година, Либија практично престана да функционира како единствена држава и сега во земјата има двовластие. На истокот власта е во парламент за кој гласаше тамошното население со седиште во Тобрук, а на западот во главниот град Триполи владее Владата на националното единство (GNA), формирана со поддршка на меѓународната заедница, која ја води Фајез Сараџ. Властите во источните делови дејствуваат независно од Триполи и соработуваат со LNA, предводена од маршалот Калифа Хафтар кој по соборувањето на Гадафи се врати од егзилот во САД и чии сили од април годинава се обидуваат да го заземат Триполи.

Во петокот службата за односи со јавноста на LNA објави дека силите на Хафтар заземале клучни позиции во јужниот дел од Трополи, вклучително и воен логор и меѓународниот аеродром кој не е во функција од 2014 година. Од LNA, исто така, објавија дека го заземале патот кон аеродромот откако ги потиснале милициите кои се борат на страната на GNA. Владата во Триполи сѐ уште не ги коментираше овие наводи.

Ова напредување би значело дека силите на Хафтар се на околу 10 километир од центарот на Триполи.

Владата која ја има поддршката од Турција и Катар, со месеци дава отпор на офанзивата на Хафтар, кој има добри односи со Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот реле дека Турција ќе испрати воени единиви во Либија, бидејќи тоа го побарал Триполи и дека во јануари на парламентот ќе му поднесе прелог закон кој тоа ќе го овозможи. Оваа изјава поттикна стравувања дека долгогодишниот либиски судир, во кој се вклучени и помали локални милиции и исламистички групации, може да прерасне во регионален судир.