Не сум ниту автор, ниту креатор, ниту на било кој начин сум учествувала на новата креација. Тоа е нешто што е постигано на оттуѓен начин од сите нас, Договорот е спротивен на националното право и на задолжителното меѓународно право, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Алфа, а говорејќи за тоа дали ќе и пречи ако биде избрана за претседател бидејќи со тоа ќе биде прв претседател на државава со сменето име.
Кога сте претседател сте носител на функција и нема да смееам да пречкртувам, но морам и можам да укажувам дека решението не е добро, дека има идентитетска закана, а за тоа говорат и моите грчки колеги, рече Силјановска.
Силјановска укажува дека таа ќе ја користи секоја прилика да укаже на недоследностите на Договорот од Преспа, на процесот на промена на Уставот.
Јас секаде и секогаш кога ќе можам ќе укажувам на заканите кои произлегуваат од Договорот, а тоа се се закани и по домашното право и меѓународното право. Така јас повикувајќи се на право и правда ќе се обидам прво да укажам на тоа, а потоа и да го ревидирам, рече Силјановска.