3.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

Силјановска: Власта загуби 40 отсто од гласовите од последните избори

Кандидатот за претседател за Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во централниот дневник на Сител телевизија истакна дека е задоволна од резултатот од првиот круг од претседателските избори

Силјановска притоа оцени дека лично таа доживеала „квантен скок“ во политиката, додека, пак, СДСМ и премиерот Зоран Заев доживеале „квантен пад “од последните избори. Посочи дека владејачката портија според резултатите од првиот круг од претседателските избори загубила дури 40 отсто од гласовите споредено со минатите локални избори во 2017-та, додавајќи дека СДСМ и  Заев имаат криза на легитимитетот.

Презадоволна сум, еве да се изразиме со речникот на премиерот за мене тоа е квантен скок во политиката, а за нив тоа е квантен пад, бидејќи за 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите, споредувам од локалните избори е лакмус кој покажува длабока криза на легитимитетот, вели Силјановска Давкова.

 

Истакан притоа дека во текот на предиборната кампања министрите и премиерот ја ставиле  власта во служба на партијата.

Технологијата на владеењето на оваа власт особено јасно манифесирана за време на референдумот исто така исплаши дел од граѓаните и тие не излегоа на избори зошто јасно ни е нас како се однесуваат со државната и јавната администрација, само да дадам еден пример непознат феномен е за време на кампања за претседателски избори да учествуваат министерка за одбрана, министер за внатрешни работи, па и премиер, така тие ја прегазија линијата помеѓу државата и партијата или партијата ја направија држава, или на крајот тоа би значело држава тоа сум јас кога е премиерот во прашање, рече силјановска давкова.

Потсети дека и во текот на кампањата во првиот круг од претседателските избори пред граѓаните посочуваше дека премиерот и министрите имаат јавни функции и дека не треба да присуствуваат на собири бидејќи според изборниот законик тоа е недозволиво.