(ВИДЕО) Силни земјотреси во Филипини, најмалку 8 лица загинаа

Најмалку осум лица се загинаа, а многу се повредени по двата силни земјотреси кои утрово удрија во архипелагот Батанес на Филипините со јачина од 5,9 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Шефот на локалната канцеларија за вонредни ситуации Роланд Есдикул за американските медиуми изјави дека во потресите, кои го пробудиле локалното население, има урнати куќи, што биле изградени од камен и дрво.

Пет жртви настрадаа во првиот земјотрес пред зори, останале закопани во срушени куќи, велат од Канцеларијата за национална безбедност. Останатите три лица загинале кога на нив се срушиле дрвја за време на другите два земјотреси, велат од канцеларијата.

https://twitter.com/inquirerdotnet/status/1154916900150771712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1154916900150771712&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fpovekje-zemjotresi-gi-pogodija-filipinite-8-lica-zaginaa-60-povredeni-fotovideo

Повеќето жители на Итбајат, околу 3.000, биле евакуирани на јавна плажа за да останат надвор од куќите поради потресите на тлото по земјотресите, а електричната мрежа во градот е исклучена како мерка на безбедност.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=bjhiamTDADI