Делови од Австрија синоќа беа погодени од силно невреме, а најтешка е ситуацијата во местото Африц каде е прогласена вонредна состојба, јавува Танјуг.
Еден одрон го разорил местото Краа на територијата на општината Африц. Жителите од ова место морале да бидат евакуирани, а дел од нив биле пренесувани со хеликоптер.
Исто така има прекини и во водоснабдувањето во општината. Градоначалникот на Африц, Максимилијан Линдер прогласи вонредна состојба, откако реката Троник се излеа од коритото. Силните врнежи од дожд предизвикаа и одрон што го покри целото место.