
Дополнителните американски санкци им нанесуваат штета на милатералните односи на Москва и Вашингтон, но рускиот финансиски систем е отпорен на надворешните притисоци, рече во саботата рускиот минситер за финансии, Антон Силуанов.
Американскиот претседател Доналд Трамп наметна нови санкции за Русија, поради наводната вмешаност на Москва во труењето на поранешниот двоен советско-британски шпион Сергеј Скрипал во Англија ланската пролет„, објави во петокот Белата куќа.
„Руската економија веќе докажа дека е отпорна на надворешните ограничувања последните години. Што се однесува на јавниот и корпоративниот долг, убедени сем дека финансискиот систем кој го создадовме ни овозможувам да ги задоволиме потребите на буџетот и претпријатијата од кредитни средства“,рекол Сулианов, кого го цитира агенцијата Reuters.
Американскиот Стејт департмент објави во соопштениер дека Вашингтон во новиот круг од санкциите ќе се спротистави на продолжувањето на секој заем, финансиска или техничка помош од меѓународните финансиски инстититуции за Русија.