
Само четири месеци по пријавувањето за брутално силување на помлад малолетник од четворица негови врсници во ВП дом “Тетово”, во август е силувано друго дете, од малолетен врсник осуден за силување, објави Вест.
Во претходниот случај малолетник беше силуван во самица од страна на четири врсници во Поправниот дом во Велес.
Шокантно во целата приказна беше и што случајот бил од 19 мај, за првпат во полиција е пријавен дури на 16 јуни. Дотогаш го немало во ниеден билтен на МВР, бидејќи затворските службеници го прикриле, а не го известиле ни Обвинителството.
Тој ден надлежните одлучиле дека детето што пријавило силување, не треба да се однесе ни на лекар. Процениле дека е доволно само да се заведе во книгата за дневни настани, и случајот така да се заборави.