![рфљњер](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/rf-er.jpg?resize=640%2C361&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев објави дека португалското претседателство на ЕУ разработува цела една стратегија со која ќе настапи во наредната недела пред Софија и пред Скопје. Претседателот на Владата Шефот на дипломатијата на Португалија, Аугусто Сантош Силва, утре ќе ги посети Софија и Скопје, Тој ќе биде придружуван од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји
„Верувам дека до крајот на оваа недела ќе се случи тоа. Ги знаат нашите црвени линии, бевме во Брисел и им рековме: Ако ги чепнете македонскиот идентитет и јазик, тргнете нѐ од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал. Ние преку португалското претседателство и еврокомесарот Вархеји разговараме како влади. Очекувам до крајот на неделата министерот за надворешни работи на Португалија, која е претседавач со ЕУ, и комесарот да одат во Софија и да дојдат тука и да соопштат решение на кое работат веќе пет-шест месеци“, изјави Заев во емисијата „Утрински брифинг“
Целта на еднодневната мисија на Силва, според дипломатски извори, е во детали да се зборува за можен излез од ќор-сокакот во кој западнаа македонските евроинтеграции по ветото од Бугарија.
В сабота има најави дека во Скопје ќе допатуваат министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словенија како дел од пошироката иницијатива за деблокада на евроинтеграцискиот процес на Македонија со усвојување на преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција.