Предводникот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Симеоне ги предупреди своите фудбалери дека ќе направат голема грешка доколку го потценат контроверзниот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели.
Во вторник се игра првиот натпревар од 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, а фудбалерите на Милан ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен.
„Балотели е фудбалер кој може со еден потег да го реши натпреварот. Балотели може сам да го добие натпреварот. Грешат тие кои мислат дека е кршлив, Марио покажа дека има чуство и кон некоја друга личност. За мене, Милан е многу силен противник и знам дека противничките фудбалери ќе дадат се од себе на двата натпревара. Јас не сакам да го елиминирам Милан поради моето минато како фудбалер на Интер, сакам да го елиминирам поради Атлетико (М). Рано е да зборам за некаков кам-бек во редовите на Интер, но знам колку би биле среќни фановите на Интер”, изјави аргентинскиот стручњак.