
По повод 2 Април- Светскиот ден на литературата за деца утре во Библиотеката „Искра“ – Кочани ќе гостува нашиот а светски музичар Симон Трпчевски, како и писателот за деца Горјан Петревски.
Манифестацијата започнува во 12 часот во Мултикултурниот центар во Кочани.
Литературната средба со децата е насловена: „Љубовта кон зборот и музиката остава трајни вредностиво културата“.
Ова е трето гостување на Трпчевски во Кочани во текот на неговата кариера. Пред неколку години одржа извонредн концерт во Центарот за култура „Бели мугри“. Тогашниот директор на Центарот за култура и сегашен на Билиотеката „Искра“, Коце Стојменов, на љубителите на уметноста и творештвото и овозможи на кочанската публика уште едно дружење со Трпчевски и со еден од најплодните македонски писатели за деца Петревски.