Во неделата вечерта во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во семејна расправија синот со нож го прободел својот 55-годишен татко
Синот избегал, а таткото крварејќи се обидел да побара помош, но не успеал да стигне до болницата и искрварел.
Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да излезе со поединости. Според неофицијални информации, осомничениот напаѓач е приведен.