Син на полковник е админот на контроверзната група „Нишлијке“

Твитерџиките лесно го пронајдоа администраторот на контроверзната група „Нишлијке“ на Телеграм. Според нив станува збор за Н.С. питомец на Воената академија во Белград, како и син на полковник.

Слично на нашата „Јавна соба“, деновиве во Србија беа откриени две големи групи на кои секојдневно се споделуваат експлицитни фотографии, видеа, но и домашни адреси од жени во Србија и пошироко.

Во едната од нив, „Нишлијке“, се споделуваат приватни фотографии од девојки од Ниш, одмазнички фотографии од поранешни партнери, без дозвола земени фотографии од „Инстаргам“ итн. Девојките врзо го пронајдоа администраторот.

https://twitter.com/loveontop78/status/1368834864020152322?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1368834864020152322%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fbalkan%2Fsin-na-polkovnik-so-skubani-vegji-e-adminot-na-kontroverznata-grupa-nishlijke%2F