![Венко Филипче](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/Venko-Filipche.jpg?resize=696%2C513&ssl=1)
Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“.
Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.
-Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишува на „Ла Верита“.