Судија во американската сојузна држава Мичиген донел одлука дека 42-годишник може да побара отштета од своите родители кои ја уништиле неговата „незаменлива колекција“ од порнографски списанија, пренесува во саботата BBC.
Дејвид Веркинг, кој по разводот од сопругата живеел со своите мајака и татко, ги тужел родителите поради уништување на колекцијата за којашто навел дека чинела 29.000 долари.
Родителите, пак, тврдеат дека му кажале претходно да не ги носи порнографските списанија во домот.
Меѓутоа, судијата семта дека дури нути како наемодавачи, тите немале право да посегнуваат по нешто што му припаѓало на синот.
Веркинг со родителите живеел во Гранд Хевен во Мичинген десет месеци по разводот на брајот и се отселил во август 2017 година, кога и го започна процесот. Сега живее во место во сојузната држава Индијана.
Тој вели дека во семејната куќа донел голема и „незамнелива“ колекција од порнографски списанија и филмови, за подоцна да утврди дека повеќе таа не постои, пренсува локалниот весник The Hollands Sentinel.
Федералниот суд во Мичиген, каде што му живеат родителите, во летото 2019 година ја подигна тужбата против нив, а тие се правдале дека не сакале да помогнат во префрлувањето на тие работи во Индијана, ниту да ги чуваат дома.
Кај родителите Веркинг нив се вселил во 2016 година откако се развел од сопругата. Кај родителте живеел десет месеци, и потоа со отселил во нов дом во Индијана. Во меѓувреме побарал да му ги испратат неговите работи, но меѓу нив ги немало 12-те кутии со порнографски списанија и филмови. Родителите признале дека ги фрлиле кутиите со порнографска содржина меѓу кои можеле да се најдат и наслови како „Frisky Business“ и „Big Bad Grannys“.
Во тужбата којашто ја поднел оштетениот син е и електронската порака од неговиот татко кој му напишал: „Ти направив голема услуга кога се отарасив од тие работи. Верувал или не, една од причините поради кои ја уништив твојата порнографија беше твојата благосостојба, односно твоето ментално и емоционално здравје. Би го сторил истото и доколку најдев килограм кокаин. Се надевам дека еден ден ќе разбереш“.
Погодениот Веркинг бараше пред судот финансиска отштета во тројно повисока вредност отколку што ја проценил вредноста на загубената содржина, односно 87.000 долари.