Синот на Бали-бег ја украде славата на неговите познати родители!

Популарниот актерски пар Бурак Озџевит (Бали-бег) и Фахрие Евџан (Неџла) станаа родители на момчето кое го нарекоа Каран, а во најубавата животна улога одлично се снаоѓаат. Уште пред раѓањето на Каран, Бурак и Фахрие се погрижија нивниот наследник да биде потполно материјално обезбеден, така што му отвориле сметка на која за почеток ставиле околу 300.000 евра.

Тие двајца скоро никогаш не го експонираат својот првенец, но сега имаме прилика да видиме како изгледа синот на најубавиот турски пар!

Неговата мајка Фахрие со една фотографија откри дека момчето е преслатко, а многумина се согласуваат во едно нешто – пресликан татко му.

https://www.instagram.com/p/B6C7SP4gDWQ/

Некои отишле до тој степен што сега прогнозираат дека ќе биде поубав од својот славен татко, а познато е дека прочуениот Бали-бег важи за еден од најубавите и најпосакуваните актери.