Директор на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес е Ѓорѓи Стојанов, но според се’ се чини дека не било доволно само еден член од тоа семејство да добива плата од џебот на граѓаните, па функција добил и неговиот син.
Како што неофицијално дознава КУРИР, Централниот регистер во Велес од пред неколку дена има нов раководител-директор. Станува збор за Јане Стојанов, син на директорот на ЈКП „Дервен“, Ѓорѓи Стојанов.