Сеиф ал Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи осуден на смрт.
Покрај Сеиф Гадафи на смрт се осудени и осуммина блиски соработници на поранешниот либиски претседател.
Покрај синот на Гадафи осуден на смрт, истата казна ја добија и последниот премиер од времето на Гадафи, Багдади ал Махмуди и поранешниот шеф на разузнавањето Абдула ал Сенсуи.
Тие се осудени за улогата во крвавите репресии при бунтот, со кој беше симнат од власт Гадафи во 2011 година.
Гадафи убиен на свиреп начин
Поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи беше убиен на свиреп начин од толпа револтирани граѓани во октомври 2011 година.
Гадафи финансиер на кампањата на Никола Саркози
Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи ја финансирал предизборната кампања на Никола Саркози во 2007 година.
Гадафи во интервју има изјавено дека Саркози му побарал помош, кога бил министер за внатрешни работи. Сепак некажува јасно за износот што го побарал од Гадафи поранешниот француски шеф на државата.
Саркози стана претседател благодарение на мене. Му дадов средства кои му помогнаа да победи, рекол Гадафи.
Имено, по падот на Гадафи голем број аналитиари сметаат дека Либија е во пропаст.