Омар Бин Ладен, синот на основачот на терористичката организација Ал Каеда, е депортиран од Франција, каде со години живеел како сликар во Нормандија. Забрането му е да се врати во земјата откако е откриено дека тој објавил коментари на социјалните мрежи за кои се верува дека го величаат тероризмот.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретај изјави дека потпишал наредба со која се забранува влез на Омар Бин Ладен во Франција, но не даде повеќе детали, пренесе Фигаро.
„Господинот Бин Ладен, кој неколку години живееше во регионот Орне како сопружник на британска државјанка, објави коментари на своите социјални мрежи во кои го велича тероризмот во 2023 година“, напиша Ретај на социјалната мрежа Х.
Поради административната забрана, на Бин Ладен му е забрането да се врати во Франција. Според Ројтерс, не можело да се пронајде објавата на Бин Ладен на социјалните мрежи.