Шинзо Абе во Белград ја претстави иницијативата за соработка со западен Балкан

Јапонскиот премиер Шинзо Абе предложи во понеделникот во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ соработка со западен Балкан и ги поддржа земјите од регионот на нивниот пат кон Европската унија.

„Јапонија силно ја поддржува Србија и земјите од западен алкан кој сакаат да станат членки на Европската унија“, изјави Абе на заедничката прес-конференција по состанокот со Вучиќ, и порача дека неговата земја сака активно да ги помогне реформскиот процес во Србија.

Јапонскиот премиер, кои денеска попладнето допатува во дводневна официјална посета на Белград, рече дека Вучиќ ја поддржува неговата иницијатива за соработка со западен Балкан.

Абе е уверен дека двете земји „ќе ги зајакнат односите во економските, политичките, културните, човечките и сите останати сфери“, оценувајќи дека Србија има извонредно важна улога во односите во регионот.

„Србија е клучна за стабилноста на западен алкан кој се наоѓа на клучна позиција во геополитичка смисла“, рече Абе, додавајќи дека Србија токму затоа е важна и за Јапонија.

Абе оцени дека јапонските компании покажуваат „сѐ поголем интерес за Србија“, потсетувајќи дека неодамна во Србија е организирана посетата на јапонската деловна алијанса. „Се надевам дека оваа посета ќе биде плодна“, додаде јапонскиот премиер.

Вучиќ разговорите со јапонскиот гостин ги оцени како „отворени, конструктивни и пријателски“, наведувајќи дека станало збор за „сите клучни политички прашања, на глобалната политичка сцена“, а „најмногу за билатералните, особено за економските односи“.

Српскиот претседател рече дека српско-јапонската економска размена е мала, но дека „отвора поголеми простори за напредок во иднина“, со што се согласи и Абе. Вучиќ притоа на јапонските стопанственици им порача дека во Србија „може да најдат квалитена и образована работна сила којашто тешко се наоѓа во Европа“ и сугерираше дека неговата земја има можност да им понуди на инвеститорите и значајни субвенции и поттикнувања.

Српскиот претседател со премиерката Ана Брнабич, како што реле, „на претставниците на многу значајни 16 јапонски компании им упатил повик и рекол дека Србија е најдоброто место за инвестирање во Европа“. Вучиќ е убеден дека и српските стопанственици „ќе успеат да ги пронајдат своето место на многу тешкиот и јапонски пазар кој има високи побарувања“.

Премиерката Брнабиќ оцени дека односите меѓу Србија и Јапонија се „во подем“, како и дека посетата на јапонската делегација на Белград „дополнително ќе ги зајакне“. Пленарниот состанок на стопанствениците од двете земји, таа го гледа како „поттик за натамошната економска соработка“.

„Се надевам дека ќе ги унапредиме трговската размена и приливот на инвестици, ОД вашите стопанственици сакаме да учиме за деловната етика и менаџментот, трпението, почитувањето на повозрасните и традицијата“, рече српската премиерка.

Србија и Јапонија потпишаа во понеделникот Договор за воспоставување на јапонска волонтерска програма за соработка во странство, која ќе овозможи експерти од Јапонија да помагаат во развојот на локалните самоуправи во Србија во областите на образованието, културата, здравството, спортот и заштитата на природната средина.