Веднаш потоа од возилото излегол А.С., двајца негови братучеди и неговиот зет, кои со метални шипки почнале да удираат по предната лева врата на патничко моторно возило „Лада“, на која го скршиле стаклото. О.А. излегол од возилото, а напаѓачите почнале и него да го удираат со шипки во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја тие со возилото го напуштиле местото на настанот. На О.А. му била укажана медицинска помош во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за обезбедување на сите инволвирани лица во настанот, по што, по целосно расчистување и документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.