Сирија повторно користи хемиско оружје

Организацијата “Хјуман рајт воч” (Human right watch), тврди дека поседува докази дека сириската војска повторно користи хемиско оружје против бунтовниците.

Според тврдењата на организацијата, војската на претседателот Башар ал Асад, во текот на април користела гас хлор во три града на северот на земјата и наведува дека бомбите врз бунтовниците се фрлени од хеликоптер.

Организацијата тврди дека поседува докази во вид на видео снимки и фотографии за своите тврдења.

Обединетите Нации најавија дека ќе ги проверат тврдењата на организацијата дека сириската влада користела недозволени средства.