Вооружените сили во Сирија успеаја да ги протераат терористите на Исламска Држава од северна Палмира, каде се сместени најголемиот дел од хотелите на градот, пренесува „Раша Тудеј“.
Милитантите на ИД во моментов се повлекуваат кон центарот на градот.
Палмира е можне значаен историски град во Сирија. Џихадистите во мај минатата година во целост ја преземаа контролата над овој град. Досега имаше информации дека џихадистите уништиле повеќе храмови што беа под заштита на УНЕСКО, како и поголем број артефакти стари повеќе илјадници години.
Дамаск ја отпочна офанзивата за повторно преземање на градот во пустината во источниот дел од Сирија, откако со договорот постигнат за примирјето во Сирија, на сириската влада и вооружената опозиција им беше дозволено да ги зголемат вооружените сили што се борат против вооружените групи.