Сириската војска освои уште еден важен град во Идлиб

Силите на сириската армиоја во средата влегле во градот Саракеб во покраината Идлиб, соопштија сведоци и воени набњудувачи, што претставува нов чекор на силите на претседателот Башар ал-Асад кон воспоставување контрола над последниот бастион на бунтовниците и џихадистичките групи во Сирија.

Сириските владини сили вршат пребарувања низ градот откако бунтовниците побегнал по тешкиот артилериски и воздушен напад врз градот Саракеб кое се наоѓа 15 километри источно од градот Идлиб, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Очевидци за агенцијата Reuters рекле дека бунтовниците побегнале од градот и дека сега го контролираат силите лојални на претседателот Асад, Саракеб е сместен во близина на два важни автопати. Сириската државна телевизија објави дека сообраќајниците сега се во контрила на сириската војска.

Кампањата на Асад за освојување на Идлиб, последното упориште на бунтовнциите кои ги поддржуваат Турција и Западот во девет години долгата граѓанска војна која се претвори во регионален и етно-конфесионален судри, предизвика иселување на стотици илјади цивили кои бунтовниците ги држеа како жив ѕид кон Турција, оддалечена само десетина километри.

Новите напредувања на сириската војска доаѓаат и покрај примирјето кое на 12-ти јануари го договорија Русија и Турција која спроведува офанзива на сириска територија, којашто Дамаск ја смета за нарушување на територијалниот суверенитет на земјата.

Сириските сили во понеделникот со артилериски оган убија осум турски војцни, по што одговорија турските сили. Во вторникот Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган откако позиција на турската војска беше опкопелена од сириската, имаше телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин. Ердоган во средата се закани дека Турција ќе ги истера сиристките сили доколку до крајот на месецот не се повлечат од Идлиб.

Во средата својата „голема загриженост“ поради ситуацијата во Идлиб изразија и САД. Американскиот претставник за Сирија, Џејсм Џефри, ја повика Русија, чија авијација им помага на сириските трупи, да ја промени својата политика во овој судир. Ја обвини Москва дека го крши меѓусебниот договор за деескалација на судирот на североистокот од Сирија. Русија на САД им приговара дека нејзините сили во Сирија се по повик на легитимната влада во Дамаск, додека американските се вклучија две години претходно во судирот на страната на бунтовнциите, како и за фактот дека американската војска држи повеќе сириски наоѓалишта на нафта која ја препродава.