Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем, ќе ја посети Русија пред одржувањето на мировната конференција „Женева-2“, пренесе „АФП“, повикувајќи се на амбасадорот на Сирија во Москва.
Амбасадор Риад Хадад истакнал дека датумот на посетата се’ уште не е одреден.
Сириските медиуми вчера објавија дека сириска делегација на чело со Муалем треба да ја посети Москва за време на викендот.
Според извор во Дамаск посетата треба да започне денеска.