Шишето вотка, која се смета за најскапата на светот, кое беше украдено од бар во Копенхаген оваа седмица е принајдено празно на градилиште во данската престолнина, објави полицијата во петокот.
„Не знам што се случило со вотката, но шишето е празно“, изјавил портпаролот на полицијата во Копенхаген, Риад Тооба.
Шишето е изработено од руски производител на винтаж автомобилите кои ги произведува фирмата Dartz, и е проценето на 1,3 милиони долари, но не било осигурано.
Копенхашката полиција објави на Twitter дека шишето е пронајдено непипнато.
Снимките од видеокамерата покажуваат маскиран маж со бејзбол капа и прекриено лице како го зема шишето од руско-балтичката вотка којашто е производ на руски производител на суперлуксузни автомобили, а потоа ноќта на вторникот бега од барот „Cafe 33“ во квартот Вестербро во Копенхаген.
Сопственикот на барот Брајан Ингнерг изјави дека шишето и натаму има иста цена, иако е малку оштетено, како и дека во него ќе стави нова вотка.
Шишето е изработено од три килограма злато и три килограма сребро, како и дека не било осигурено. Затката ја шишето е направена од инкрустација од бело и жолто злато со дијаманти и претставува реплика на рускиот царски орел, а самото шише е изработено од 30 милиметри дебело стакло, отпорно на куршуми, а е обложено со кожа од автомобил кој учествувал во релито во Монте Карло во 1912 година.
Ова шише неодамна ѝ стана познато на пошироката светска јавност, кога се појави во една од сцените на популарната американска телевизиска серија „Куќа од карти“. Станува збор за една од епизодите од третата сезона на серијата. Во неа данскиот актер Ларс Миккелсен, кој го толкува рускиот претседател, скапото шише му го подарува на американскиот претседател кого во серијата го игра Кевин Спејси.