Сите цивили се евакуирани од територијата на металуршкиот комбинат „Азовстал“ крај јужниот украински пристанишен град Мариупол па силите на самопрогласената проруска Доњецка Народна Република имаат „одврзани раце“ за пресметка со преостанатите украински борци добро утврдени во подземните коридори, изјави во средата лидерот на источниот украински сепаратистички регион Денис Пушилин.
„Според нашите информации, потврдено е дека таму (на територијата на ‘Азостал’) нема останати цивили, соодветно рацете на нашите единции се одврзани“, изјавил Пушилин за телевизискиот канал Россия 1, пренесуваат руските агенции.
Сепаратистичкиот водач, исто така, истакнува дека според приближните процени, на територијата на огромниот фабрички комплекс во моментов има уште околу 1.200 украински борци.
Мариупол е најголемиот град на брегот на Азовското Море, со до пред војната речиси 480.000 жители, еден од најголемите металуршки капацитети во Европа. Неговото производство беше клучно за развојот на источната украинска област Донбас, доминатно населена со руско и руско јазично население.
Откако по превратот на власта во Киев во 2014 година населението во Доњецк самопрогласи ткн „народна република“ проруските сили до јуни истата година го контролираа Мариупол кога беше ставен под контрола на украинските злогласни ткн баталјони „Азов“.
По почетокот на руската инвазија, којашто Москва ја нарекува превентивна „специјална воена операција“ за спасување на населението од Донбас од етничко чистење,на 24-ти февраури, веќе следниот ден започнаа борбите за Мариупол. На 7-ми март градот беше целосно опколен од проруските и руските единици, а на 21-ви март Москва објави дека градот е „целосно ослободен“. Но, според процените на двете страни, меѓу 2.500 и 3.500 украински борци од Мариупол се повлекле во претхдно добро утврдените и снабдени засолништа на повеќе нивоа под „Азовстал“. Поради тоа, рускиот претседател Владимир Путин нареди да не се изведуваат јуришни напади во фабриката, туку да се спроведува цврста блокада која ќе оневозможи снабдување или извлекување на украинските борци.
Досега, според објавените информации, доброволно се предале над 1.500 припадници на поморската пешадија на украинските вооружени сили, а биле заробени повеќе групи на странски платеници кои се обиделе да се извлечат од опкружувањето кон териториите под контрола на властите во Киев.