![spiro-ristovski-1-640x462](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/spiro-ristovski-1-640x462.jpg?resize=640%2C462&ssl=1)
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека станува збор за капитална инвестиција и остварување на едно ветување кое се однесува на комплетна промена на старите лифтови.
Ристовски вели студентите повеќе нема да имаат проблеми со лифтовите како што беше и ќе се овозможи подобра фреквенција на студентите низ студентските домови.
Низата забелешки од студентите за нефункционирање на лифтовите во одредени периоди и проблем при нивно користење се веќе минато.
-МОН за оваа намена одвои 15 милиони денари, комплетно се заврши промената и истовремено е добиена потребна дозвола , односно технички прием на овие лифтови со што тие веќе се комплетно функционални, рече Ристовски.
Заменик министерот изрази благодарност до менаџментот на студентските домови за нивната ангажираност за време на поплавите при што студентските домови „ Сениќ“ и училишниот дом „Партенја Зогравски“ примија лица кои беа зафатени за време на поплавите .
-Очекувам во наредните денови по комплетната стабилизација на состојбата со поплавените региони овие студентски легла да бидат повторно ставени во функција за потребите на студентите, рече Ристовски.