Сите вработени во Њујорк мора да бидат вaкцинирани против Covid-19 до 27-ми декември

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио објави во понеделникот дека сите жители на американскиот мегалополис до 27-ми декември ќе мора да бидат вакцинирани, доколку сакаат да одат на работа.

„Вработените во јавниот сектор од претходно мора да бидат вакцинирани, но со оваа одлука тоа ќе биде проширено и на приваниот сектор“, изјави де Блазио за телевизиската мрежа MSNBC News додавајќи дека одлуката стапува на сила на 27-ми декември.

Де Блазио, кој градоначалничката функција ја напушта на крајот од декември истакнува дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе го воведе задолжителното вајцинирање за вработените во приватниот сектор.

Задолжителното вакцинирање за вработените во јавниот сектор које стапи на сила од есенва предизвика отпор, а дел од вработените дадоа откази. Но њујорпшките власти тврдат дека и покрај тоа стапката на вакцинираност по таа одлука сепак се зголемила.

„Ние во Њујорк решиврме да изведеме превентивен удар. Го имаме омикрон факторот како нов фактор, имаме постудено време кои ќе создаде нови предизвици со делта варијантата, имаме празнични собирања“, појасни градоначалникот на Њујорк додавајќи дека единствен излез од таквата ситуација е „задолжителното вакцинирање“.

Досега десет случаи на омикрон варијантата на коронавирусот се потврдени во Њујорк, а градоначалникот Бил де Блазои изјваи дека трена да се претпостави дека веќе се случило штирењето на оваа варијанта во заедницата. Ги повика и другите американски градоначалници да го следат неговиот пример.

„Тоа би бил мојот совет за градоначалниците, гувернерите, директорите ширум земјата – воведете го задолжителното вакцинирање. Колку е тоа поуниверзално, толку повече веројатно работниците ќе кажат ‘Во ред, време е тоа да го направам’, бидејќи не моќе да скокате од една индустрига во друга или од една компанија во друга, Тоа е нешто што мора да биде универзално да нѐ штити сите“, рече де Блазио.