За светеското фудбалско првенство во Русија пријавени се 736 фудбалери, до кои речиси една третина играат во Англија и Шпанија, а најмногу претставнции ќе имаат Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Во Англија играат 130 фудбалери коишто ќе настапат во Русија, од кои 107 не се Англичани, додека во Шпанија настапуваат 81 играч од кои 64 не се Шпанци.
Во шампионатите на земјите коишто нема да учествуваат на мундијалот, најмногу играчи играат во Италија – 58, а во Турција – 22.
Најмногу претставници во Русија ќе има новиот англиски шампион Манчестер Сити, дури 16. Од редовите на старо-новиот европски шамион, мадридски Реал, пак, доаѓаат 15 играчи, а потоа следат Барселона со 14, па Челзи, Тотенхем и ПСЖ со по 12 фудбалери, а Баерн, Јувентус и Манчестер Јунајтед ќе имаат 11 играчи….
Боите на Англија ќе гио бранат играчи од англиски клубови, кај Русите само двајца играат надвор од татковината, а во селекцијата на Саудиска Арабија има тројца играчи од странски првенства.
Сенегал и Шведска немаат ниту еден репрезентативец од домашната лига. По еден играч од националното првенство имаат Белгија, Исланд, Нигерија и Швајцарија.
Од 736-те пријавени фудбалери 200 од нив веќе настапувале на светските првенства.
БРОЈ НА ИГРАЧИ ОД КЛУБОВИТЕ
Манчестер Сити – 16
Реал Мадрид – 15
Барселона – 14
Челзи – 12
Париз Сен Жермен – 12
Тотенхем – 12
Баерн Минхен – 11
Јувентус – 11
Манчестер Јунајтед – 11
БРОЈ НА ИГРАЧИ ОД ЛИГАТА
Англија – 130
Шпанија – 81
Германија – 67
Италија – 58
Франција – 49
Русија – 36
Саудиска Арабија – 30
Мексико – 22