Сити сигурен против Јунајтед на „Олд Трафорд“

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити во градското дерби како гостин на „Олд Трафорд“ го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 со двата погодока постигнати во првото полувреме во саботата во ремките на 11-то коло на Премиер лигата.

Натпреварот отиде на страната на Сити кога уште на самиот почеток Бејли во 7 минута направи голема грешка во обидот да избие прилично безопасно нафрлување од Жоао Кансела лошо ја зафати топката и го измами својот голман Де Хеа за предност на гостите.

Сити потоа умешно завладеа на теренот, доминираше во поседот на топката и целосно го оневозможи Јунајтед да го организира својот напад.

Конечните 2:0 ги постави Бернардо Силва кој во 45 минута на втората статива дочека уште едно нафрлување од Кансела кој го пропушти целата одбрана на „Црвените ѓаволи“, а многу лошо на шутот на Португалецот реагираше и Де Хеа.

Во продолжението на натпреварот Сити рустински ја чуваше преднсота, додека Јунајтед ниеднаш не му се закани на гостинскиот голман.

Со овие три бода Манчестер Сити скокна на второто место на табелата со 23 бодови, два помалку од водечкиот Челзи а еден повеќе од од третопласираниот Ливерпул кои имаат по еден меч помалку. Манчестер Јунајтед моментално е петти со 17 бодови.