
Најголемиот фаворит за шампионската титула во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити не дозволи никаково изненадување во саботниот натпревар од 32. коло и многу полесно од очекуваното со убедливи 4:1 го победи годинава одличниот тим на Саутемптон.
Уште поубедлива победа од 4:0 на гостувањето во Њукалс забележа актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, а најзаслужен за убедливиот триумф е шпанскиот интернационалец Хуан Мата кој двапати се запиша во листата на стрелци.
Вториот фаворит за шампионската титула, тимот на Челзи, не дозволи никакво изненадување на “Стемфорд Бриџ” и сосема заслужено со убедливи 3:0 го победи гостинскиот тим на Стоук.
Најпријатното изненадување во годинашната сезона, тимот на Ливерпул денеска ќе одиде да забележи позитивен резултат во дуелот против секогаш незгодниот тим на Вест Хем, а голема неизвесност се очекува на натпреварот помеѓу директните ривали за четвртата позиција на табелата, Евертон и Арсенал.
Резултати: Манчестер С. – Саутемптон 4:1, Њукасл – Манчестер ј. 0:4, Астон Вила – Фулам 1:2, Кардиф – Кристал Палас 0:3, Хал – Свонси 1:0, Норвич – ВБА 0:1, Челзи – Стоук 3:0.