Кризата на северот од поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија влезе во десеттиот ден откако албанските власти во Приштина донесоа одлука за замена на регистарските таблички за возилата кои доаѓаат од Србија, при што специјалната косовска полиција ROSU не се повлекува, ниту косовските Срби се откажуваат од блокадите, а КФОР ги засили патролите во областа.
Истовремено, главните преговарачи на Белград и Приштина во техничкиот дијалог, Петар Петковиќ и Бесник Бислими подоцна во средата во Брисел одделно ќе се стретна со специјалниот претставник на Европската унија за овој дијалог, Мирослав Лајчак, а трилатерална среба, како што наведуваат извори од ЕУ, зависи од овие одвоени средби.
Петковиќ и Беслими би требало да разговараат за следните чекори во смирување на тензиите на административните премини меѓу Косово и Србија, предизвикаме со уредбата на владата во Приштина да воведе реципрочни мерки за покривање на регистерските таблички за возила од Србија. Белград прво се противи на ваквата реакција сметајќи ја за кршење на договорот на Бриселскиот договор потпишан во 2013 година под покровителство на ЕУ, а особено што Приштина во доминатни српската област испрати стотици тешко вооружени припадници на специјалните сили ROSU.
Главниот приоритет е намалување на тензиите на северот на Косово, порача во дередата специјалниот пратеник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар во Брисел, по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, и по одвоените разговори со шефовите на преговарачките делегации на двете страни Петар Петковиќ и Бесник Бислими.
Лајчак на Twitter објави дека поединечните состаноци се завршен и дека очекува продолжување на разговорите во текот на денот за да се надмине актуелната криза.
Претседателката на Европската комисија, Усрула фон дер Лејен, којашто од вторникот престојува во посети на земјите во регионот, ја истакна загриженоста поради моменталната криза меѓу Косово и Србија и порача дека сега е најважно ситауцијата да не ексалира, а двете страни да седнат на преговарачката маса.
Откако во вторникот се засилени патролите на КФОР, граданачалнуиците на четирите општини на северот мнозински населени со Срби, не го прифатија предлогот на командата на меѓународната мисија да се повлечат од патиштата и да ја прекинат блокадите а нејзините припадници да ги запемат албанските косовски специјалци на премините. Нинвата порака е дека не се подготвени да ги прифатат намерите на Приштина да ги „стави Србите во гета и да го укине правото на слободно движење, кое е вредност на модерна Европа со децении наназад“ и „што би требало да важи и за Србите на овие простори“.
Во меѓувреме српскиот претседател Александар Вучиќ во средата во Белград се сретна со амбасадорката на Кина, Чан Бо којашто, како што соопшти неговиот кабинет, рекла дека „кинеската страна ѝ придава особено внимание на моменталната напната ситуација“ и смета дека „еднострано преземената акција (на Приштина) не е во интерес на мирот и стабилноста во регионот“.
Чан, исто така, нагласила дека Кина го „почитува суверенитетот и територјалниот интегрите на Србија“ во врска со нејзината непризнаена еднострано отцепена покраина, со оцената дека „меѓународната заедница би требало рамноправно да ги третира сите страни“, како и дека „двојниот стандард не од полза за решавањето на проблемот“.
„Голема поддрша од НР Кина за Република Србија“, објави кусо Вучиќ на Instagram по средбата со кинеската амбасадорка.
Српскиот претседател се сретна и со рускиот амбасадор Александар Боца-Харченко, кој истакан дека „Москва со голема загриженост ја следи ситуацијата“. Амбасадорот на Руската Федерација истакнал дека „одговорноста за настанатата криза паѓа на привремените институции во Приштина, кои ги кршат ине ги исполнуваат договори кои претходно се потпишани“, соопшти кабинетот на Вучиќ.
За вечерва е најавен разговор на Вучиќ со фон дер Лејен, која во Приштина се сретна со косовската претседателка Вљоса Османи и со премиерот Албин Курти, кои во обидите да ги амортизираат прекорите од меѓународната заедница за несоодветното однесување во преговорите на новите косовски власти изјавија дека „Србија под влијание на Русија сака да го дестабилизира Балканот“. Османи побарала „целата меѓународна заедница да ги осуди дестабилизирачките тенденции на Србија“, се наведува во сопштението од нејзиниот кабинет.
Претседателката на Европската комисија, пак, истакнала дека Приштина мора да ја продолжи борбата против организираниот криминал и корупцијата.
„За Косово е важно да продолжи да работи на борбата против корупцијата и организираниот криминал, ја поддржуваме посветеноста на реформите и секторот на правосудството. Ни претстои уште работа. Сакам Косово да учествувва во напорите за обединувањето на Европа, бидејќи Косово има многу да придонесе во тој правец. ЕУ го гледа Косово во идннината како дел од неа. Иднина во која Косово и западен Балкан ќе бидат дел од ЕУ и работиме на тоа…“, изјави фон дер Лејен.