![image](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/image-1.jpg?resize=620%2C330&ssl=1)
Во Ирска сѐ уште во четвртокот доцна вечерта и официјално не се потврдени дополнителните 4.000 позитивни тестови на коронавирусот објави во последните два до три дена, што според оцените значи дека ситуацијата е полоша отколку што покажуваат неодамнешните реордни показатели на дневно ниво.
Ирска во четвртокот трет ден по ред извести за повече од 1.500 нови случаи на зараза со коронавирусот, ден откако владата најави затворање на најмалку четири седмици на сите продавници кои не се неопходни, како и продолжување на училишните распусти за да се сузбие новиот остар епидемиски бран.
Од најниската стапка на заразата во Европската унија, Ирска пред само две седмици стаса до највисоката стапка на коронаинфекциите и најбрзиот раст на заразените, откако што во текот на најголемиот дела од декември повторни беа отворени продавниците и дуќаните, како и дел од угостителските објекти.
Шефот на ирската Советодавна група за управување со епидемијата, Филип Ноланм на прес-конференција изјави дека „сега повеќе нема алтернатива“ и дека „дефенитивни мора да се сузбие ширењето на заразата“.
Предвидува дека бројот на хоспитализрианите со дијагностициран Covid-19 од почетокот на јануари веројатно ќе се удвои на меѓу 700 и 1.000 пациенти, со што би можело бројни да се надмине пикот достигнат во текот на ткн прв бран. Доколку ширењето на првиот бран не се сузбие, болниците би можело да се соочат со дури 1.500 до 2.000 пациенти, оцени Нолан.
За да се ублажи големиот притисок на системот за тестирање на примероците, на асимтоматските блиски контакти на протврдените случаи на коронаинфекции повеќе нема да им се советува да се тестираат, туку од нив ќе се бара да го ограничат движењето во текот на следните 14 дена.