Ситуацијата во Тузла излезе од контрола, демонстрантите масовно пљачкосуваат

Ситуацијата во Тузла потполно излезе од контрола. Од полицијата соопштуваат дека во населбата Слатина во Тузла демонстрантите започнаа масовна пљачка на дуќаните и објектите.Демонстрантите пред зградата на Владата беа растерени од полицијата.

Целата улица околу Владата е во чад, по што полицијата фрлила големо количество солзавец. Демонстрантите се разбегале, а како што тврдат граѓаните полицијата ги тепала демонстрантите кои не сакале да се разидат.

Меѓу две илјади и три илјади демонстранти денеска околу 13 часот го пробиле полицискиот кордон кој ја обезбeдувал зградата на владата на Тузланскиот кантон.

Пред влезот ставија цвеќе и запалија свеќи за министрите, а потоа со јајца, камења и петарди фрлаа по зградата.