Јас како јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија, вели во денешното соопштение специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Јавното обвинителство на Република Македонија завчера поднело Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд на РМ со кое бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје за одредување притвор на Сеад Кочан.