СЈО на два часа пред истекот на рокот ги достави предметите Титаник, Таргет и Тврдина

На само два часа пред истекот на рокот, Специјалното јавно обвинителство во петокот вечерта малку пред 22 часот до Основниот суд Скопје 1 Скопје, ги достави предметите „Титаник“, „Таргет“ и „Тврдина“. Во овие случаи осомничените се товарат за изборни нерегуларности, за незаконското прислушување и за уништување на опремата во УБК.

Досега од петте случаи за кои одлучувал Кривичниот суд, за четири има изречено мерки на претпазливост, односно забрана за излез од земјата или пријавување во судот, додека за петтиот каде има функционери на ДУИ, нема никакви мерки.

Дека се води строг политички процес, а не правен се докажува и низ фактот што досега Судот изрече мерки за претпазливост одземање на пасошите за сите случаи за кои одлучуваше, освен за функционерите на ДУИ, пратеникот Ејуп Алими и функционерот на дуи во ДИК, Исмет Гури.

Ваквата селективност покажува дека Судот потклекнува на притисоците кои ги прават СДСМ и СЈО. Упатените прашуваат како е можно до сега да се изречат мерки за претпазливост на сите функционери кои се од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема никаква мерка за единствените двајца кои се од ДУИ.

 

Фото Курир.мк