
Две од денешните истраги „Траекторија“ и „Тревник“, кои ги отвори Специјалното јавно обвинителсво се финансиски истраги, од кои едната се однесува и на незаконитости во пропишана постапка за градење.
Истрагата „Талир“ е истрага, којашто како што кажа обинителката Фатиме Фетаи во настапот во кој забележливи беа квалификации и толкувања, е против челните луѓе на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за наводно нелегално финансира, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра. Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година.
Од СЈО известија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените односно притвор, како и целосно замрзнување на имотот на партија.