СЈО предлага куќен притвор за Мијалков, Камчев и другите осомничени во „Империја“

Специјалното јавно обвинителство дало позитивно мислење дека притворот на осомничените во предметот „Империја“ може да се замени со куќен притвор, дознава Макфакс од свои извори.

Ограничената слобода на осомничените сега е во рацете судиите од Апелација и од кривичниот суд. Ако тие одлучат, ќе бидат пуштани од притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други осомничени во случајот на СЈО „Империја“.

Судот им ја одби гаранцијата на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, притворени во случајот „Титаник“, но и за нив можно е да се оечкува истиот предлог за куќен притвор.

Орце Камчев поднесе жалба на притворот со гаранција од 14,5 милиони евра и пред кривичниот суд и пред Апелациониот суд Скопје. Мијалков понуди гаранција од милион евра.