![skakulci hrana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/IMG_6173-2.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Скакулците во петокот се воведени на европската листа на храна во рамките на настојувањата на Европската унија за одржливо производство и прехрана.
Ова е вторпат Брисел да донесе одлука дека инсектите се сигурни за консумирање, откако во јуни годинава ги одобри сувите ларви од тврдокрилните инсекти брашнарите. Наскоро би можел да следи и третиот, а станува збор за штурецот. Во моментов има поднесени барања за уште девете видови инстекти.
Европската комисија објави дека скакулците ќе бидат означени како грицкалка или состојка на храната во дехидрирана или замрзната форма откако ќе се отстранат крилјата и нозете или, пак, како прашок.
Европската агенција за безбедност на храната наведува дека сакулецот „locusta migratoria“ е богат со протеини и е нештетен, иако може да предизвика реакција кај луѓете алергичен на членконоги или мекотели.
Организацијата за производство на храна истакнува дека инсектите се многу хранлив и здрав извор на храна богат со протеини, витамини, влакна и минерали.
Инсектите, кои секојдевно ги консумираат милиони луѓе во светот, во новата стратегија на ЕУ се наведени како алтернативен извор на проеините кои би можело да го забрзаат пресвртот кон одржливото производство на храната.
Со Европската директива од 1977 година беа одобрени за консумирање алгите, новите рестителни протеини и дредени видови храна од друг земји и континенти.