Освен тоа што Саша Богдановиќ од СДСМ е најскапо платениот директор во државата, очигледно ЈП Паркинзи на општина Центар со кој раководи Богдановиќ е бунар без дно и претпријатие целосно ставено во функција на личните удобства и богатење на кадрите од СДСМ, пишува порталот Журнал.нет.
За најновиот скандал говори и фактурата од кафаната „Три Аса“ (чиј сопственик важи за близок човек на СДСМ) до која што дојдеЖурнал.нет.
Oд фактурата што ја објави порталот се гледа како од Паркинзи Центар се бара наплата за угостителски услуги од неверојатни 23.736 денари. Толкава била сметката направена од Пакринзи Центар за угостителски услуги и толку удобствата на раководните лица на Паркинзи Центар ги чинеле граѓаните на Центар.
Додека ПОЦ се жали за ниските приходи, нивните главни луѓе добиваат месечни примања од по две илјади евра, колку што Директорот Саша Богдановиќ попознат како Српче, воедно прв човек на СДСМ ОО Центар добил во месец јули по основа на плати и додатоци.
Заменик директорот коj воедно е и одговорен за финансиското работење на ПОЦ, Вангел Андревски земал 1.500 евра.
Порталот пипува дека директорите на ПОЦ освен тоа што земаат илјадници евра за плати прават и сметки од по десетици илјади денари по кафеани и за угостителски услуги.
Дека раскалашеноста и недомаќинското работење е стил на работа на Општина Центар покажува и претходниот скандал кога Дејан Тодоровски викан Гзе, поранешен советник на СДСМ, а сега вдомен во Општината како инспектор, со еден потпис трошел илјадници денари општински пари за алкохол, пијалоци, месо и скари во рестораните во Дебар Маало, пишува Журнал.
Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар кои што првично го отворија скандалот со високите примања на раководните луѓе во ПОЦ на ова гледаат како уште еден скандал од многуте кои одат директно на штета на граѓаните на Центар. Ова расипништво во општина Центар се случува во исто време кога се исплаќаат вртоглави суми за плати само за неколкумина во Паркинзи Центар и кога се трошат илјадници денари за сметки по кафани.